Поврзете се со нас

Франција

Дефанзивец на Анжер лут на судиите: Подобро ПСЖ да ни дадеше пет гола, отколку да победи вака

Објавено

на

Анжер можеше да освои голем бод на гостувањето кај ПСЖ, но домаќините добија пенал во самиот финиш и го комплетираа пресвртот во вториот дел за победа.

Сепак, гостите не можеа да го премолчат сето она што се случуваше во решавачката ситуација, па дефанзивецот Ромен Томас по средбата остро го нападна главниот судија, кој ја проверуваше снимката по сугестијата од ВАР собата.

– Неверојатно е она што се случи. Не е срамота да се загуби на овој стадион, но не на ваков начин.

– ВАР почна да ме заморува, се инвестираат милиони, а не знаеме како да го користиме. Икарди ме фаулираше на почетокот на акцијата, а потоа по неговиот удар беше досуден пенал за противникот.

– Пред судијата да ја прегледа снимката му посочив да ја види ситуацијата со Икарди, а потоа ми рече дека било проверено, тоа е голема лага.

– Подобро да примевме пет гола, отколку да загубиме на ваков начин, – изјавил искусниот Томас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни