,,Дедо” Омејер не планира да престане со активно играње: ПСЖ му го продолжи договорот

Omejer

Тиери Омејер, најдобриот француски голман во историјата, кој воедно е и најтрофеен со освоени две олимписки злата, пет светски злата и три европски злата со француската репрезентација, потпиша нов договор со ПСЖ и ќе го чува голот на овој клуб до 2022 година. Тој, иако има 41 година брани како да е во најдобрите ѕвездени моменти во неговата кариера.

Омејер во клубот е од 2014 година и со ПСЖ успеа да освои три трофеи во Купот и во француското првенство. Со тоа, Раул Гонзалез од наредната сезона ќе смета на неговите услуги.

Според „Л’Екип“, исто се преговарало и со Даниел Нарсис да одигра уште една сезона, предда се пензионира од активно играње.

Facebook Коментари