Поврзете се со нас

НБА

Дебитантот на Голден Стејт го разнесе Вембанјама, Кер не можеше да поверува што гледа (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/warriors

Виктор Вембанјама се врати на паркетот по малата повреда поради која пропушти два натпревари, но со него во тимот, Сан Антонио не успеа да врзе втора победа над Голден Стејт.

Спарси направија изненадување пред неколку дена и ги победија „воините“ на нивен терен, меѓутоа рано утрово Голден Стејт возврати и славеше со резултат 102:112.

Популарниот Вемби требаше да биде засилување за својот тим и тоа го покажа со бројките кои ги оствари, но сепак најдобриот играч на Спарси беше и жрвта во најатрактивниот потег на мечот.

Вембенјама го заврши мечот со 27 поени и 14 скокови, но сите зборуваат за лекцијата која ја доби од дебитантот на „воините“, Трејс Џексон Дејвис.

Младиот кошаркар на Голден Стејт се залета и со лева рака успеа да го „постеризира“ највисокиот кошаркар во НБА лигата, па во неверица беше и Стив Кер, како и целата сала во Тексас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни