Деби за паметење: Синот на Клинсман го украде шоуто на својот прв професионален настап (Видео)

jonatan-klinsman

Јирген Клинсман е прославен германски напаѓач кој своевремено важеше за еден од најдобрите голгетери во светот, но судбината посака неговиот наследник да има комплетно различна улога на теренот, односно да ги стопира налетите на противничките фудбалери.

Дваесетгодишниот Џонатан Клинсман е син на легендарниот германски напаѓач кој по крајот на својата играчка кариера влезе во тренерсктие води, а синоќа младиот „Џони“ ги обиколи медиумите во Германија со своето незаборавно деби кое го имаше во Лига Европа.

Младиот Клинсман дебитираше на голот на Херта на вчерашниот меч со Остерсундс, а во 87-та минута од мечот имаше брилијантна реакција бранејќи го и првиот пенал на своето професионално деби.

– Одбраната на пеналот беше неверојатна, фановите беа позади мене и се беше совршено. Бев навистина нервозен пред почетокот на мечот, но мојот татко ми порача да се опуштам и да го правам тоа што најдобро го знам, – порача младиот Џонатан во изјава за медиумите.

Facebook Коментари