Шпанија
Деби погодок за талентираниот Мориба, Барселона сигурна во Памплона (ВИДЕО)

Шпанцскиот вицешампион Барселона дојде до победата број 17 во актуелната натпреварувачка кампања во Примера.
Составот од „Камп Ноу“ оваа вечера го освои „Ел Садар“ или поточно славеше над Осасуна со 2-0 и сега ќе може мирно да го проследи утрешното дерби меѓу Атлетико и Реал Мадрид. Каталонците го отворија резултатот по половина час игра кога Меси во свој стил испрати перфектна топка до Алба кој пак шутираше максимално прецизно и моќно во мрежата на Ерера.
Барселона во вториот дел долго време не можеше да стави точка, да ги потврди трите бода се до 83 минута кога Меси одново беше асистент и тоа при одличниот погодок на талентираниот Мориба кој во 67 минута го замени Бускетс.
Ова за Мориба кого го споредуваат со Пол Погба беше прв гол за Барса на сениорско ниво.
Избраниците на Куман имаат 56 бода и се на втората позиција на табелата.

- Италијапред 17 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 17 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 16 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 16 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 13 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 18 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)