Поврзете се со нас

Германија

Деби погодок: Муслиу донесе победа за Падерборн против Кајзерслаутерн (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/meinSCP

Македонскиот репрезентативец, Висар Муслиу беше човек на одлука во победата на неговиот Падерборн над Кајзерслаутерн во втората германска лига.

Гостите славеа со пресврт „еден во два“, а голот вреден три бода беше дело на Мислиу во 72 минута. Висар најдобро се снајде по корнерот на Падерборн и со удар со глава ја матираше домашната одбрана за 2-1.

Ова за нашиот фудбалер беше деби погодок за сегашниот тим во втората Бундеслига. Тој беше активен до 86 минута кога беше заменет од Јанис Хојер.

Со 34 бода Падерборн се наоѓа на 6. место на табелата.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни