Поврзете се со нас

Франција

Деби од соништата за Ремзи, даде гол по само една минута во дресот на Ница (Видео)

Објавено

на

Арон Ремзи денеска го имаше своето деби во дресот Ница каде направи трансфер како слободен агент пред само неколку дена.

Клубот предводен од Лусиен Фавре гостуваше кај Тулуз, а Ремзи имаше деби од соништата затоа што беше стрелец на единствениот погодок за својот тим на оваа средба.

Натпреварот заврши без победник, 1:1, а Ремзи го пронајде патот до мрежата на домашниот тим во 78. минута, само една минута откако влезе во игра.

Претходно Тулуз го отвори резултатот со голот на Далинга уште во 20. минута од натпреварот.

Второто големо засилување за Ница, Каспер Шмајхел беше на клупата за резервни фудбалери и се очекува да добива редовна минутажа веќе од следниот натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни