Деби од соништата: Синот на Рејес го постигна првиот гол за Реал Мадрид и веднаш погледна кон небото (Видео)

rejes-tatko-sin

Флорентино Перез вети дека Реал Мадрид како клуб и институција ќе се грижи за синот на Хосе Антонио Рејес, па непосредно по трагичната смрт на познатиот фудбалер, претседателот на „кралевите“ го ангажираше младиот 13-годишен талент.

Младиот Рејес кој го носи истото име и презиме како својот покоен татко изминатиов викенд го одигра својот прв официјален натпревар за У-13 тимот на Реал, а својот квалитет го покажа уште на дебито, бидејќи постигна еден гол, а креираше уште еден. Тинејџерот Хосе Антонио го запиша својот прв гол како член на „кралскиот клуб“, а веднаш по постигнувањето на истиот, погледна кон небото и истиот му го посвети на својот татко кој трагично го загуби животот на почетокот на месец јуни.

Facebook Коментари