Поврзете се со нас

Шпанија

„Дебелкото“ Суарез наиде на жестоки исмејувања на социјалните мрежи, па веднаш одговори на Инстаграм (Фото)

Објавено

на

Барселона вчера ги извршуваше стандардниот проверки на фудбалерите и беа извршени корона тестови пред да се вратат ѕвездите на редовните тренинзи, но дефинитивно, од фото-сесијата која ја направија шпанските новинари, убедливо најголем впечаток остави сликата од Луис Суарез.

Искусниот Уругваец делуваше навистина поголемо во маичката која ја носеше и фудбалските фанови и дел од медиумите експресно почнаа да го тролаат за здебелување во карантинските денови, нешто што не и се допадна на госпоѓа Суарез.

Софиа Балби сподели видео на социјалните мрежи кое е снимено пред неколку дена и на кое се гледа дека Суарез е физички навистина фит, објава со која се обиде да ги замолкне злите јазици.

Неколку часа подоцна, Суарез одговори на поддршката од сопругата и самиот ја препрати нејзината објава на својот Инстаграм профил, а притоа испрати и емотикони за „замолкнување“ на критичарите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни