„Дебелкото“ Лук Шо одговори на критиките со нов физички изглед и нови заби (Фото)

luk-so-ibica

Лук Шо веќе две сезони се наоѓа во незавидна ситуација во Манчестер Јунајтед бидејќи постојано наидува на игнорантски однос од страна на Жозе Мурињо, а иако според многумина тој сигурно ќе си оди од клубот ова лето, сепак тој со последните потези јасно става до знаење дека сака да го импресионира португалскиот стручњак.

Фановите на Манчестер Јунајтед значајно го „подбраа“ Лук Шо откако во месец јуни се појави слика од летниот одмор на која се гледа дека дефанзивецот има вишок на килограми, но левиот бек на сето ова одговори со напорни тренинзи кои направија да биде во топ форма. Шо започна со максимално залагање уште пред почетокот на подготовките на Јунајтед, а со последните објави на Инстаграм докажа дека намалил килограми и е максимално фит, а притоа и се подновил со нови блескаво бели заби.

luk-so-trening

luk-so-podarok

Facebook Коментари