Поврзете се со нас

Балкан

Дебаклот не можеше да мине без последици: Динамо се реши за голема промена по историскиот пораз од Баерн

Објавено

на

Foto:x.com/gnkdinamo

Динамо доживеа вистински дебакл во Лигата на шампиони и го доживеа најтешкиот пораз во историјата на најелитното европско натпреварување, бидејќи пред два дена прими девет гола на гостувањето во Минхен.

Баерн беше немилосрден и до врв ја наполни мрежата на хрватскиот првак во првото коло од воведната фаза, па иако во прв момент немаше реакција од клубот, сепак беше само прашање на време кога дебаклот ќе ги предизвика и првите поголеми промени.

Како што јавуваат најугледните хрватски медиуми, Динамо како клуб ова утро решил да му врачи отказ на тренерот Сергеј Јакировиќ, по што сега е во интензивна потрага на нов тренер кој ќе го води тимот во сезоната која штотуку започна.

Јакировиќ во неколку наврати беше на излезни врати и минатата сезона и му се закануваше отказ пред да успее да го консолидира тимот кој стана шампион, но сепак Управниот одбор на клубот не можеше да мине преку историската бламажа на „Алијанц арена“.

Динамо својот следен меч го игра веќе во сабота против Славен Белупо, натпревар на кој ќе ја има улогата на гостин во Копривница.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни