Поврзете се со нас

Англија

Дебаклот на „Турф мор“ ја донесе првата менаџерска жртва во Премиер лигата (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SheffieldUnited

Крајот на 14-то коло во Премиер лигата беше навистина спектакуларен, бидјеќи натпреварите кои ги гледавме вчера попладне беа исклучително интересени и неверојатни за неутралните фудбалски фанови.

На пет фудбалски стадиони во Англија беа постигнати дури 24 гола и тоа доволно говори каков фудбал се игра на Островот во овој момент, но всушност таа серија беше почната уште во саботата кога Барнли постигна дури пет погодоци во мрежата на Шефилд Јунајтед.

„Дербито на дното“ му припадна на Барнли кој славеше со 5:0, а дебаклот на Шефилд на „Турф мор“ ја носи и првата тренерска жртва во актуелната натпреварувачка сезона.

По 14 комплетирани рунди, Пол Хекингботам е првиот кој заработува отказ, бидејќи ова утро бил известен од упрвата на клубот дека тој повеќе нема да го води првиот тим.

Оваа вест ја потврдија сите угледни англиски медиуми, кои додаваат дека апсолутен фаворит за негов наследник е поранешниот менаџер Крис Вајлдер, кој би требало да се врати на „Брамал Лејн“ после две години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни