Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Де Вриј подготвен за Халанд по киксот со Монца: Може да се сопре само на еден начин

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Интер неочекувано киксираше против Монца и испушти уште два бода во Серија А, па така нов лидер во италијанската елита е екипата на Наполи.

Актуелниот шампион не ги искористи своите шанси при резултат 0:0 и се доведе во ситуација да брка негатива во завршницата, па така голот на Дамфрис се покажа како доволен за реми.

Освоениот бод е премалку за големите амбиции кои ги има Интер оваа сезона, но исто така нема баш добро да влијае и врз самодовербата во пресрет на дербито со Манчестер Сити.

Интер во среда ќе му гостува на Сити на „Итихад“, а повеќе од јасно е дека главна закана за голот на Зомер ќе биде разиграниот Ерлинг Халанд кој постигна девет гола на првите четири меча во Премиер лигата.

Свесни за тоа се и дефанзивците на Интер, но Стефан Де Вриј верува дека тој и соиграчите ќе го пронајдат рецептот за да го сопрат Норвежанецот.

– Мора да работиме добро како тим за да го лимитираме во неговите шанси. Халанд се сопира само со тимска работа, на ниту еден друг начин. Исто така, треба да запомниме дека Манчестер Сити не е само Халанд. Се гледа дека е во добра форма и постигна многу голови досега, но нашиот план е да се браниме од него како тим, без индивидуални насоки, – изјави Де Вриј.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни