Поврзете се со нас

Италија

Де Рун си направија пародија од бизарниот автогол и ја објави на социјалните мрежи (Видео)

Објавено

на

Аталанта го победи Лацио во дербито на Серија А, но домашниот фудбалер Мартен де Рун воопшто не го започна овој дуел на посакуван начин.

Уште во 5. минута, Де Рун реагираше несмасно по едно нафрлување од десната страна и постигна бизарен автогол, со кој гостите поведоа.

До крајот, Аталанта славеше со 3:2 и се заврши според посакуваното сценарио на избраниците на Џан Пјеро Гасперини, но Де Рун очекувано доби и критики од фановите на Аталанта.

Но, за да не остане само на тоа, харизматичниот Холанѓанец реши сам да си направи пародија за автоголот и видеото го објави на социјалните мрежи.

Целосно заслужено, Де Рун ги освои симпатиите на фановите кои ги изнасмеа со начинот на кој се шегуваше на своја сметка.

 

View this post on Instagram

 

One Of These Days, starring Marten de Roon.

A post shared by Marten de Roon (@martenderoon15) on

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни