Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Де Рун беше понижен од Нејмар, но покажа смисла за хумор: Нашата љубовна приказна…. (Видео)

Објавено

на

blank

Со исклучок на лошата реализација која ја имаше во текот на сите 90 минути, Нејмар имаше брилијантна партија во Лисабон и едноставно изгледаше незадржливо за играчите на Аталанта, па токму поради сите акции кои ги креираше, Бразилецот беше избран за играч на мечот од страна на УЕФА.

Бразилецот имаше доблест и му ја подари МВП наградата на Чупо Мотинг кој беше играчот кој ја направи главната разлика за двата гола на ПСЖ, но пред да се случи тоа, Нејмар изрежира една генијална дриблинг бравура со која направи Холанѓанецот Мартен Де Рун да биде интернет меме.

Играчот за врска на Аталанта беше жртва на брилијантниот дриблинг на Нејмар и истиот стана хит на социјалните мрежи, но Де Рун сега покажа фантастична смисла за хумор и со урнебесна објава ги насмеа фановите.

Холандскиот фудбалер ја опиша својата пресметка со Нејмар објавувајќи два моменти од натпреварот, првиот е оној кога беше посрамотен, а вториот кога со жесток дуел го разби Бразилецот.

– Нејмар и Де Рун. Љубовна приказна…..

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни