Поврзете се со нас

Италија

Де Роси за состојбата на Н’Дика: За среќа…

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома има ново соочување со Милан во Лига Европа, реванш средба во која „волчицата“ ќе влезе со предност од 1-0 остварена на „Сан Сиро“.

Се очекува да биде доста возбудливо, неизвесно и борбено на „Олимпико“, односно до самиот крај да не се знае кој ќе го обезбеди билетот за полуфиналето во ова натпреварување.

Оваа средба за Рома доаѓа по онаа со Удинезе во која имаше еден навистина непријатен момент со дефанзивецот Еван Н’Дика кој се пожали на болки во градите по што мечот беше прекинат и не се доигра. Добро е што се се заврши позитивно со стоперот кој сега закрепнува и тоа го потврди тренерот Даниеле Де Роси.

Рома излезе со официјално соопштение и ја откри причината за колапсот на Н’Дика (Фото)

-Добро му оди. Колабираното белодробно крило е болна работа, но за среќа, ако можеме да го кажеме тоа, тој не страда од она од што се плашевме кога колабираше на теренот, -рече Де Роси кој говореше за одлуката да не се продолжи соочувањето во Удине.

-Тоа беше она што требаше да се направи, тоа беше едногласна одлука, дури и нормална. Ниту еден од моите играчи не беше подготвен да го рестартира натпреварот бидејќи електрокардиограмот (направен на стадионот) сугерираше дека доживеал срцев удар, -истакна стратегот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни