Де Роси за последен пат се одјави од „Олимпико“, во стоечките овации се приклучи и Буфон (Видео)

de-rossi

Даниеле Де Роси оваа вечер го одигра својот последен меч за Рома, а во моментите кога беше заменет од страна на тренерот Раниери, сите соиграчи и противници му пријдоа за да му оддадат признание за сето она што му го понуди на италијанскиот фудбал.

Капитенот на Рома става крај на една незаборавна етапа во својата кариера, а неговиот проштален меч во престолнината беше до толку атрактивен, што во вип ложата беше и Џанлуиџи Буфон кој се приклучи во стоечките овации. Инаку, Рома го доби мечот со Парма со 2:1, па така Де Роси се прости со победа и ја заокружи 19-годишната ера во Рим со освоени три бода.

Facebook Коментари