Поврзете се со нас

Италија

Де Роси за најтешкиот испит на клупата на Рома: Можеме да го победиме и Интер

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Даниеле Де Роси успеа да врзе три победи како тренер на Рома и посакува серијата на неговата екипа да продолжи по дербито со лидерот Интер.

Поранешниот италијански репрезентативец има перфектен учинок откако го зазема местото на Жозе Мурињо, а денеска го најавил и претстојниот, досега најтежок предизвик во Серија А.

– Секој натпревар е различен, малку поинаку се подготвуваме за Интер, бидејќи тоа е екипа која е навикната да доминира на теренот.

– Но, ќе има моменти во кои тие можат да се соочат со проблеми, а нам ни останува да ги искористиме и да одиграме најдобро што можеме.

– Ги поседуваме потребните интелигенција и фудбалско знаење, никој не е непобедлив, а тоа важи и за Интер. Утре треба да покажеме почит кон противникот, но и одредена ароганција и фудбалска дрскост. Ние не сме тим кој се бори за опстанок, ако покажеме преголемо почитување тоа значи дека сме се уплашиле, а ако се уплашиме, ќе загубиме, – рекол Де Роси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни