Италија
Де Роси со еден збор ја опишал работата на Раниери во Рома

Џузепе Роси денеска го имаше својот проштален натпревар од кој дел беа познати тренери и навистина звучни фудбалски имиња, од кои најголем дел беа негови поранешни соиграчи.
Поранешниот италијански напаѓач се прости на ревијален меч на „Артемио Франки“, а дел од спектаклот беше и поранешниот капитен и тренер на Рома, Даниеле Де Роси.
Италијанските медиуми се погрижија да ја пренесат изјавата која ја дал Де Роси во подтрибинскиот простор пред да излезе на теренот, преку која покрај тоа што говорел за популарниот Пепито, не пропуштил да даде и коментар за работата на Клаудио Раниери во Рома.
– Денеска е убав ден за сите да се збогуваме со фудбалската кариера на Пепито Роси. Тој беше неверојатен играч и фантастична личност.
– Денеска се шегуваме дека тука има многу врвни тренери и играчи, но јас сум единствениот кој го имав за соиграч, но и за свој играч додека го водев во СПАЛ. Задоволство е да се биде тука за него, – порачал Де Роси, а потоа добил прашање за работата на Раниери, кој почна да прави чуда со Рома откако клубот ги избрка и Де Роси и Јуриќ на стартот на сезоната.
– Работата на Раниери во Рома? Фантастична….., – изјавил Де Роси на заминување.
-
Англија19 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија15 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Шпанија20 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Европски купови8 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Англија12 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Лига на шампиони20 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Англија14 часа
Де Брујне ја откри вистината за заминувањето од Сити: Останав шокиран од веста која ми ја пренесоа
-
Шпанија16 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)