Поврзете се со нас

Италија

Де Роси со целосно различно мислење од Мурињо: Даниеле откри како ги мотивира фудбалерите на Рома

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Даниеле Де Роси врза трета победа во низа и се погрижи за перфектен старт на клупата на Рома, серија која навистина изгледаше незамисливо до пред само неколку недели кога тимот беше во надолна линија.

И покрај тоа што имаше огромна поддршка од навивачите, Жозе Мурињо не успеваше да го извлече најдоброто од играчите на Рома оваа сезона, а првите натпревари под водство на Де Роси се потврда за такво нешто.

Легендарниот капитен на Рома ја промени формацијата и фудбалерите одговораат далеку подобро во овој момент, а целосно променете е и реториката од самиот тренер кој го наследи Жозе.

Мурињо со месеци наназад велеше дека неговите фудбалери се лимитирани и дека вади максимум со ростерот кој го има, додека Де Роси вели дека овие фудбалери на Рома се извонредни и треба само повеќе да веруваат во себе.

– Не сакам споредби со претходниот тренер, тоа не е фер кој Мурињо и перформансите кои ги имаше. Мислам дека и Мурињо имаше вакви добри натпревари како против Калјари, а моја задача е да го давам максимумот и да бидам целосно посветен на моите фудбалери. Јас зборувам со моите играчи како поранешен фудбалер, им велам како сум се справувал во негативни моменти и го користам искуството. Исто така, им велам на овие фудбалери дека се многу добри, дека се многу талентирани и дека треба повеќе да веруваат во себе. Ова е силен тим и може многу повеќе, – вели Де Роси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни