Де Роси се маскираше и ја бодреше Рома од „Курва Суд“ на дербито против Лацио (Видео)

derosi-roma

Даниеле Де Роси одлучи да стави крај на својата фудбалска кариера откако ја заврши кратката етапа во Бока Јуниорс, но повеќе од јасно е дека поранешниот италијански репрезентативец ќе се памети по незаборавниот период кој го мина во неговиот матичен клуб.

Де Роси ја наследи капитенската лента во Рома од Франческо Тоти и минатата сезона го одигра својот последен меч на „Олимпико“, а сега откако се врати во родната Италија, одлучи да направи еден уникатен потфат. Имено, легендарниот играч за врска на Рома ангажирал професионален артист за комплетна трансформација на неговиот лик, со крајна цел да биде незабележан од останатите верни фанови на Рома на „Курва Суд“.

Де Роси ја исполнил својата цел и бил дек од големото римско дерби кое се одигра изминатиов викенд, бодрејќи ја својата сакана Рома како навивач плус на најпознатата трибина на „романистите“.

Facebook Коментари