Поврзете се со нас

Италија

Де Роси призна дека играчите на Рома ја отфрлаат старата тактика на Мурињо: Како тело кое исфрла нов орган……

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома не одигра најдобар меч на гостувањето на „Артемио Франки“ и избегне пораз буквално во последниот напад, кога Љоренте постигна фантастичен гол за конечни 2:2 во Фиренца.

На овој начин, „волчицата“ избегна втор пораз во ерата на Даниеле Де Роси и начинот на кој го направи тоа може само дополнително да влијае позитивно врз самодовербата, а задоволството од храбрата игра до самиот крај не го криеше и привремениот тренер на „волчицата“.

Де Роси промени доста работи откако го наследи Мурињо и Рома игра далеку поофанзивен фудбал под негово водство, па по вчерашното реми од 2:2, самиот признал дека фудбалерите на Рома веќе ја отрфлаат тактиката со која навикнаа да играат со Жозе (3-5-2, која многу често се претвораше во 5-3-2).

– Ја променив тактиката на полувреме и воедно целиот систем. Секогаш кога гледам дека тимот полека се празни со енергија, се обидувам да ги вратам на системот на кој се навикнаа со години наназад.

– Се сеќавам дека секогаш беше тешко да и се даде гол на Рома со пет играчи во одбрана. Сепак, изгледа дека играчите сега полека го отфрлаат тој систем, како тело кое знае да отрфли нов орган, – порача Де Роси кој во вториот дел стигна до реми благодарение на системот 4-3-3.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни