Поврзете се со нас

Италија

Де Роси: Примерот со Тоти ми помага при поставувањето на Дибала

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома врза две победи во низа по доаѓањето на Даниеле Де Роси и се покажа дека тренерската смена преизвика позитивен шок кај фудбалерите, кои сега мора да се навикнат на нови методи и идеи кои ги применува легендата на „волчицата“.

Де Роси го наследи Жозе Мурињо и доби договор до крајот на сезоната, а уште на промоцијата најави дека негова цел е да го даде максимумот и да се обиде да го однесе тимот во Лигата на шампионите.

Рома својот меч од 23-то коло го игра утре против Калјари, дуел на кој домашниот тим ќе има убава шанса да врзе трет триумф во низа и да биде уште поблиску до топ четири.

За да се оствари оваа голема цел, Де Роси смета дека клучен играч за Рома ќе биде Пауло Дибала, кој на денешниот прес го споредил со Франческо Тоти.

– Постојат играчи како Дибала кои се многу талентирани и на кои им е потребна слобода. Пауло има повеќе слобода од другите, дозволено му е да направи важен потег, а неговото место во одбрана да го поплни друг играч. Целта е добро да се пополни просторот, да играме блиску до шеснаесетникот на противникот.

– Играв со Тоти две децении и никој никогаш не му кажуваше каде треба да игра. Истото важи и за Дибала, треба да бидеме подготвени, да чекаме топка и кога ќе се укаже шанса да дадеме гол. Кога сфаќате дека Дибала има талент со кој може да промени меч со еден потег, тогаш треба да го употребиме истиот, – смета Де Роси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни