Де Роси полуде на клупата за резерви кога доби знак за загревање од Вентура: Што можам јас да сменам, играјте ги… (Видео)

derosi-pomosnik

Даниеле Де Роси не доби минутажа на вечерашниот меч меѓу Италија и Шведска кој нема по добро да го паметат „аѕурите“, а всушност капитенот на Рома воопшто и не сакаше да влезе во игра со оглед на резултатот кој го имаа неговите соиграчи.

Верувале или не, Де Роси доби инструкции од помошникот на Вентура да отиде на загревање за да влезе во игра, а играчот за врска со својата реакција јасно стави до знаење што мисли за селекторот и експресно стана хит во Италија.

– Зошто да одам да се загревам јас? Што еб… можам јас да сменам? Играјте ги напаѓачите, – му порача Де Роси на помошникот, јасно покажувајќи му да го внесе во игра Инсиње кој воопшто не доби шанса.

Ваквиот потег на Де Роси е најдобра отслика за тоа дека ниту играчите на Италија не веруваа во идеите на Вентура, човекот кој веднаш по елиминацијата од Шведска си поднесе оставка.

Facebook Коментари