Поврзете се со нас

Италија

Де Роси по емотивната исповед на Освалдо: Тој ми е брат, секогаш ќе бидам тука за него…

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Поранешниот италијански репрезентативец, Пабло Даниел Освалдо се отвори пред цела јавност и обелодени дека се бори со депресија, алкохол и дрога, односно дека минута низ навистина тежок период од животот.

Играше за Јувентус и Интер пред десет години, а сега е зависен од дрога: Животот ми бега од раце, не се плашам да умрам сиромашен! (Видео)

Ова дефинитивно допре до многу луѓе, а меѓу нив е тренерот на Рома, Даниеле Де Роси кој многу добро го познава Дани од времето кога играа заедно за калчолигашот, но и за Бока Јуниорс.

-Ќе разговарам со Дани бидејќи Дани ми е брат. Разговаравме пред два дена, по натпреварот со Фиорентина, си испративме слики од некои натпревари Фиорентина-Рома од минатото.

-Имаме толку интимна врска што повеќе би сакал да не кажувам ништо, особено затоа што не знаев сè. Од моја страна можам да кажам дека засекогаш ќе бидам тука за него, како кога бевме соиграчи, како што правеше тој за мене кога отидов во Аргентина. Ако сака, јас ќе бидам тука за него, -порача Даниеле по средбата со Брајтон во Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни