Поврзете се со нас

Италија

Де Роси откри кој играч најмногу го изненадил во првите денови во Рома

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Легендарскиот италијански ас, Даниеле Де Роси се врати во калчолигашот Рома, но со сосема поинаква улога, поточно сега ќе го предводи тимот за кој долги години настапуваше.

Де Роси доаѓа на местото на искусниот Жозе Мурињо кој беше заменет од раководството на клубот по елиминацијата од Купот од Лацио и пораз од Милан во дербито на „Сан Сиро“. Даниеле веќе неколку дена работи со екипата и издвои еден играч кој најмногу го изненадил во досегашниот престој на „Олимпико“.

-Забележав некои проблеми при гледање на натпреварите. Рома не играше лошо. На некои натпревари играа лошо, но на други беа добри. Рома има подеми и падови.

-Имам некои идеи, но не можам да ги кажам овде, тоа би било непочитување. Играчите ме импресионираа, знаев дека се силни и бев навикнат да играм со силни играчи. Пизили ме изненади, тој е млад, дете, но ме импресионираше, -рече новиот тренер на Рома.

Николо има 19 години, има одиграно три средби за првата екипа и постигнато еден гол против Шериф во декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни