Поврзете се со нас

Италија

Де Роси откри дека двајца играчи на Рома посебно го изненадиле: Тие ме полудуваат

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Даниеле Де Роси во моментите кога ја презема Рома знаеше дека ќе тренира големи фудбалски ѕвезди како Пауло Дибала и Ромелу Лукаку, па ако од нив очекуваше и доби извонредни перформанси, самиот вели дека има и фудбалери кои посебно го изненадиле.

Станува збор за двајца играчи кои се борат за иста позиција, односно италијанскиот репрезентативец Леандро Спинацола, како и зимското засилување Анхелињо.

Новиот тренер на Рома по се изгледа ќе добие нов договор и фановите го поддржуваат таквиот план на клубот, бидејќи поранешниот капитен успеа да извади нешто повеќе од актуелните фудбалери кои изгледаа навистина психолошки лошо под водство на Жозе Мурињо.

– Морам да ви признаам дека ме полудуваат нашите два леви бека. Спинацола и Анхелињо, ми се допаѓа нивниот карактер и квалитетот кој го поседуваат.

– Имаат сосема различни карактеристики, но начинот на кој се однесуваат е импресивен. Тешко ми е да бирам, некогаш носам одлука кој да игра во зависност од противникот, а другпат го бирам оној кој ми изгледа пофит во моментот, – открива Де Роси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни