Италија
Де Роси официјално претставен како замена за Мурињо: За мене постои само еден пат! (Фото)

Неколку часа по отказот кој му беше врачен на Жозе Мурињо, Рома и официјално го потврди она што се шушкаше во јавноста, односно соопшти дека Даниеле Де Роси ќе го води тимот до крајот на сезоната.
Легендарниот капитен на Рома се враќа во својот фудбалски дом во кој мина 18 години како професионален фудбалер, а своето деби ќе го има на првенствениот меч против Верона кој се игра во сабота на „Олимпико“.
– Среќни сме што можеме да ја препуштиме техничката одговорност во рацете на Даниеле Де Роси. Веруваме дека лидерските капацитети и амбициите кои биле симбол за неговит карактер ќе бидат одлучувачки во исполнување на нашите цели до крајот на сезоната.
– Знаеме дека врската на Даниеле со клубот е нераскинлива, но ентузијазмот со кој го прифати нашиот повик дополнително не убеди дека е способен да биде водич на овие млади играчи. Добре дојде дома, Даниеле, – гласат изјавите на браќата Дан и Рајан Фридкин, газдите на Рома.
– Сакам да му се заблагодарам на семејството Фридкин што ми ја довери одговорноста да ја водам Рома. За мене не постои друг пат, освен еден! Секојдевна жртва и потреба да дадам се што имам во себе. Ќе се соочиме со големи предизвици, но со нетрпение ги чекаме истите. Не можам да опишам колку сум горд што седнувам на клупата, сите знаат какво значење има Рома за мене, – изјави Де Роси.
L’AS Roma è lieta di annunciare che Daniele De Rossi è stato nominato nuovo Responsabile Tecnico della Prima Squadra fino al 30 giugno 2024.
Bentornato a casa, Daniele! 💛❤️
📄 https://t.co/S5B8jUnZ4K#ASRoma pic.twitter.com/tDGZbWqDwM
— AS Roma (@OfficialASRoma) January 16, 2024
-
НБА24 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА16 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија13 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 123 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
Франција14 часа
„Светците“ со потег за кој ќе се зборува: Седум нови потписи во ПСЖ за еден еден (ВИДЕО)
-
Италија17 часа
Елмас го послушал Пандев: Ми кажа веднаш да потпишам за Торино