Италија
Де Роси и Кристанте имале жесток вербален дуел на тренинг на Рома
Италијанските медиуми објавија дека се случил вербален инцидент на денешниот тренинг на Рома, а во сериозна расправија влегле тренерот Даниеле Де Роси и Брајан Кристанте.
Актуелниот репрезентативец очигледно е незадоволен од статусот кој го има кај тренерот на „волчицата“, па фрустрациите ги покажал во жестоката караница која ја потврдија неколку медиуми, а не е коментирана од страна на клубот.
Во разговорот, Кристанте го споменал и соиграчот Леандро Паредес, веројатно алудирајќи на фактот што Аргентинецот добива голема минутажа и важи за еден од милениците на Де Роси во оваа екипа на Рома.
Кристанте може и да го напушти клубот доколку биде пронајдена соодветна опција до крајот на преодниот рок, а во Рома е веќе пет години и има договор до 2027 година.
Рома во претстојното трето коло се среќава со Јувентус.
-
Шпанијапред 21 час
Фудбалската среќа му се насмевна на Реал, „кралевите“ победија со удари од 11 метри (Видео)
-
АТПпред 22 часа
Ѓоковиќ: До крајот на кариерата ме интересираат само две работи во тенисот!
-
Светпред 22 часа
Олимпија Милано ја сподели спектакуларната тројка на Димитријевиќ на дебито против Фенербахче (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Прв кандидат за гол на сезоната во Премиер лигата: Дуран испали „проектил“, Мартинез се фаќаше за глава (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг се пожали по победата на Јунајтед: Добиваме нефер третман од Премиер лигата
-
Италијапред 21 час
Заканата од тифозите вроди со плод: Милан ја уништи Венеција за 29 минути (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Алисон лут по историскиот пораз на „Енфилд“: Загубивме од тим кој само се фрлаше пред топката
-
Шпанијапред 9 часа
Анчелоти со коментар за настапот на Мбапе: Најдобар натпревар досега