Италија
Де Роси го избра најтешкиот противник од својата играчка кариера: Можев да се носам со сите, но не и со него
Даниеле Де Роси умешно успева да ги избегне прашањата за неговиот отказ во Рома и засега се уште не излегува со контра-реплики за членовите од семејството Фридкин, но тоа не значи дека не е достапен за медиумите.
Поранешниот капитен на Рома во интервјуто за „Спорт Ток Индустри“ говорел за актуелните играчи кои се најдобри на неговата природна позиција и за времето кое тој го имаше како професионален фудбалер, при што не пропуштил да додели неколку коментари за најтешкиот ривал во кариерата.
Де Роси е убеден дека Родри е убедливо најдобар играч за врска во овој момент, но навраќајќи се низ годините, го избра Кларенс Сидорф за најтежок ривал во неговата фантастична кариера.
– Франческо Тоти беше најдобриот играч со кого играв, имавме можност да ја делиме соблекувалната со години. Тој беше најдобриот и најфасцинантен фудбалер.
– Кога се во прашање ривалите, јас бев фасциниран од Зидан, беше убаво да се гледа колку е елегантен. Сепак, најтешкиот противник беше Сидорф. Можев да се носам со секој играч, можев да го маркирам било кој играч, но не и Сидорф. Тој беше физички посилен, технички поткован и побрзо размислуваше од другите, – вели Де Роси.
-
Свет23 часа
Депај со голчиште од слободен удар ги запали навивачите на Коринтијанс (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Мбапе повторно не реализираше пенал, Реал падна на „Сан Мамес“ (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Пети за тимот кој има посилен состав од Сити во ПЛ: Сите забораваат на тоа…
-
Лига на шампиони19 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола
-
Свет23 часа
Ван Дер Варт за Роналдо: Неверојатно себичен играч, тој е единствениот…
-
Англија23 часа
„Скај Спортс“ прогноза: Сити ќе продолжи да тоне, Арсенал ќе го разбие Јунајтед
-
Шпанија18 часа
Димитриевски со нов меч за Валенсија, „лилјаците“ минаа уште една пречка во Копа Дел Реј (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Мбапе презема одговорност и им се обрати на навивачите на Реал по новиот промашен пенал (Фото)