Де Рон: Кога мислите дека никој нема да видите во 3 часот по полноќ (Видео)

atalanta-sakhtar

Аталанта вчера го направи најголемото изненадување во последната рунда во Лигата на шампионите, бидејќи колото го започна како последнопласирана екипа во својата група, а на крајот обезбеди пласман во осминафиналето.

Италијанскиот претставник оствари голема победа на гостувањето кај Шахтјор, а во прилог му одеше и тоа што Манчестер Сити професионално ја одработи својата задача во Загреб. Со ваквиот расплет, Аталанта стана првиот тим во историјата кој обезбедил пласман во осминафиналето по три порази во првите три кола во групната фаза, а сето тоа предизвика лудило во Бергамо, малиот град кој се наоѓа во близина на Милано.

Тифозите на Аталтанта навистина не потфрлија, а посебно воодушевен беше играчот за врска Де Рон кој призна дека не очекувал таков пречек во 3 часот по полноќ.

Facebook Коментари