Поврзете се со нас

Свет

Де Пол: Тој е лидер и пример за љубов и грижа за тимот

Објавено

на

foto:twitter.com/Argentina

Аргентина дојде и до втората победа во квалификациите во Јужна Америка за Светското првенство во 2026 година.

Совладата беше селекцијата на Боливија и тоа на секогаш незгодниот терен во Ла Паз поради надморската височина, победа од 3-0 која беше остварена и без услугите на првата ѕвезда Лионел Меси.

Меси заработи повреда на претходниот меч со Еквадор и тренерот Лионел Скалони не сакаше да ризикува со него и го изостави за мечот со Боливија, меѓутоа капитенот беше присутен крај теренот, поточно беше на клупата за резерви. Ова негово присуство дефинитивно има големо значање за тимот особено ако се има предвид дека можел слободно да се фокусира на некои други обврски како што бил роденденот на синот Матео.

-Меси е апсолутен лидер и пример за љубов и грижа за тимот. Можеше да замине и да ужива во роденденот на Матео, но сепак дојде овде, -истакна Де Пол.

Претходно и голманот Емилијано Мартинез имаше што да порача за потегот на ветеранот.

Мартинез за потегот на Меси: Тој можеше да си замине…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни