Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Де Пол: Интер не беше супериорен, ќе бидеме посилни на „Ванда Метрополитано“

Објавено

на

foto:twitter.com/atletienglish

Атлетико Мадрид не издржа докрај и доживеа пораз од Интер од 1-0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Гостите од Шпанија имаа некои полушанси, ама не упатија ниту еден директен удар кон голот на Зомер, a кога е така е многу тешко да извлечете позитивен резултат во елитното натпреварување и тоа против состав кој е актуелен европски вицешампион.

Сепак Родриго Де Пол не смета дека Интер бил супериорен и верува дека тие имаат сила да го свртат резултатот и слават на реваншот на „Ванда Метрополитано“.

-Ова беше добар натпревар меѓу два тима кои навистина сакаа да се борат и мора да беше добар за гледање. Интер имаше две-три шанси повеќе од нас, но ова се две многу слични екипи. Според она што можев да го почувствувам додека сум на теренот, мислам дека Интер не беше супериорен од нас. На крајот на денот, голот е она што е важно и сега мора да го свртиме резултатот на Метрополитано, -рече Аргентинецот и додаде:

-Не можете секогаш да играте во исто темпо во текот на еден натпревар. Сакавме да го задржиме нивото на интензитет по паузата, но Интер беше на домашен терен и нивната публика ги движеше. Нормално е дека можат полека да ве истрошат, тие се најдобриот тим во Италија во моментов и природно е дека на „Сан Сиро“ ќе се чувствуваат посилни, исто како и ние на Метрополитано. Не верувам дека тоа беше пад на нивото на кондиција, и ние имавме две можности за гол, тоа значи дека сме во добра форма, -порача Де Пол за „Скај Спорт Италија“.

Реваншот е закажан за 13 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни