Поврзете се со нас

Шпанија

Де Пол: Атлетико има повеќе навивачи од Реал во Мадрид

Објавено

на

foto:twitter.com/atletienglish

Родриго Де Пол веќе некое време е дел од шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид, период во кој имаше можност да игра повеќе натпревари против градскиот ривал Реал Мадрид и со тоа да ја почувствува атмсферата пред овие пресметки, но и на „Ванда Метрополитано“ и „Сантијаго Бернабеу“.

Де Пол многу добро знае што се страствени навивачи и колку тие го носат клубот, па направи споредна на поддржувачите на двата тима.

-Атлетико Мадрид е многу сличен на Расинг Клуб по страста на своите навивачи. Реал Мадрид прави многу повеќе маркетинг низ светот, но во и околу Мадрид мнозинството се навивачи на Атлетико. Оние кои навиваат за Атлетико се многу страсни, исто како и навивачите на Расинг. Тоа ви го менува денот, работата и расположението. Кога победувате, се е неверојатно, а кога губите тоа го чувствувате, -истакнал Аргентиенцот кој е врзан со „душекџиите“ до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни