Де Паул влезе во игра, ја бакна топката и за 25 секунди го потопи Милан (Видео)

udine-milan

Новиот проект на Милан не започна онака како што очекуваа фановите на клубот, бидејќи тимот предводен од Џампаоло денеска се прикажа во едно прескромно издание на гостувањето во Удине, а истото беше казнето со постигнат гол на 18 минути пред крајот.

Во еден натпревар во кој не видовме голем број шанси, како клучно се покажа влегувањето во игра на Родриго Де Паул кој се покажа како среќна карта на тренерот Тудор. Аргентинецот кој се поврзуваше со заминување од Удинезе доби шанса од клупата како и нашиот Илија Несторовски, а неговиот прв допир со топката се покажа како златен за домаќините.

Де Паул влезе во игра, ја бакна топката и за 25 секунди го потопи Милан, од едноставна причина што неговиот центаршут заврши на главата на Бекао кој прецизно стрелаше за 1:0. Ова се случи во 72-та минута, а 60 секунди претходно во игра влезе македонскиот напаѓач Несторовски кои ги одигра последните 20-тина минути од мечот на „Дачија арена“.

Facebook Коментари