Поврзете се со нас

АТП

Де Минор откри зошто му предаде на Ѓоковиќ уште пред да излезе на терен: Ќе беше непочитување кон Новак…….

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ го збриша Холгер Руне и се пласираше во 15-то четвртфинале на Вимблдон, но сега без борба оди уште еден чекор понапред, односно веќе е меѓу четирите најдобри на турнирот.

Српскиот тенисер без борба се пласираше во полуфиналето како последица на соопштението кое го проследи Алекс Де Минор, австралискиот тенисер кој требаше денеска да го предизвика седумкратниот шампион во Ол Ингланд клубот.

Де Минор заработи повреда на последниот меч со Филс, но најави дека ќе биде подготвен за Ноле, но два дена подоцна, се соочи со реалноста и соопшти зошто воопшто не пробал да излезе на теренот и да си даде некаква надеж.

– Ова не е соопштение кое го очекувавте, а најмалку го сакав и јас. Разочаран сум, но морав да предадам без борба поради повреда на клокот. Почувствував дека нешто изместив во последните три поени одо мечтот со Филс. Уште вчера бев на скрининг и беше потврдено дека се работи за повреда. Постои голем ризик да ја влошам истата со излегување на терен.

– Ако не форсирам, ќе паузирам од три до шест недели, ако излезев на терен, можев да бидам во аут четири месеци. За мене ќе беше непочитување да излезам на терен и да не го дадам максимумот. Особено против играч каков што е Новак Ѓоковиќ, – изјави Де Минор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни