Де Лихт за одлуката да се пресели во Јувентус: Парите не одиграа никаква улога во изборот на мојот нов клуб

de liht

Младиот холандски стопер, Матијс Де Лихт конечно донесе одлука за својот нов чекор во кариерата и го избра Јувентус како клуб кој треба да му помогне да напредува и да се развива како играч.

Доскорешниот капитен на Ајакс беше на мета на голем број на тимови од најсилните пет европски првенства, долго време се водеше борба за неговиот потпис за да на крајот Јувентус излезе како победник од таа трка. Низ медиумите се појавија вести дека Де Лихт го избрал италијанскиот шампион затоа што имал далеку најповолна понуда за него, но тоа го демантираше самиот фудбалер кој порача дека парите немале никаква улога во изборот на новата клупска средина.

-Парите не одиграа никаква улога во изборот на мојот нов клуб. Сите кои ме знаат, тоа го знаат.  Парите никогаш не биле одлучувачки. Секој си има право на свое мислење и тоа ќе го почитувам, ама луѓето лесно кажуваат некои работи. Секој ден имаше нешто ново. Одеднаш мојот татко бил дебел и поради тоа еден од клубовите (Јунајтед) не ме сакал повеќе. Тоа ве прави да кажете: ајде бе луѓе, -истакна Де Лихт кој проговори за неговиот агент Мино Раиола кого не го бие добар глас.

-Тој има многу искуство. Мислам дека може да има одредена негативна слика за него во Холандија, но сигурно не го доживувам на тој начин. Мислам дека ако ги прашате сите негови играчи дали Мино прави добра работа за нив, сите би дале потврден одговор. Тоа е најважното нешто. Не се работи за тоа што другите луѓе велат за него, туку за тоа што може да стори за мене, -порача новиот член на „бјанконерите“.

Facebook Коментари