Поврзете се со нас

Германија

Де Лихт вели дека имал едноставна причина за да го напушти Јувентус

Објавено

на

Матијс Де Лихт направи нов голем трансфер во својата кариера, овојпат во редовите на Баерн Минхен кој реши да го одврзе ќесето за ангажман на нов стопер откако од клубот си замина Роберт Левандовски.

Де Лихт без преголемо размислување ја напушти Италија и првенството во кое стекна големо искуство како дефанзивец, а при изборот на нов клуб, ја барал и филозофијата која најмногу ќе му одговара на неговиот стил.

Холанѓанецот вели дека си заминал од Јувентус без никакви проблеми, или поточно, единствена причина за заминувањето е тоа што почувствувал дека е вистинско време за нов предизвик.

– Имав уште две години од договорот со Јувентус. Во Италија станав комплетен дефанзивец, но едноставно почувствував дека е време за нов предизвик, за ново опкружување. Баерн ме контактираше во Јувентус и интересот веднаш порасна.

– Знам што ме чека, кога потпишувате за големи клубови, секогаш постои и притисок. Сепак, Баерн е напаѓачки ориентиран тим и таквиот стил на игра ми одговара. Сметам дека брзо ќе се прилагодам на новата средина, – вели Де Лихт во интервјуто за „Кикер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни