Поврзете се со нас

Германија

Де Лихт со „проектил“ донесе радост за Баерн, Дортмунд го слави „џокерот“ Мукоко (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Фудбалерите на Баерн Минхен издвојуваа победа над Фрајбург од 1-0 во еден од петте дуели кои попладнево се одиграа во Бундеслигата.

Пред неколку дена „баварците“ беа шокирани од овој противник во Купот на Германија, па денешното славје е еден вид на одмазда за таа елиминација, болен пораз на „Алијанц Арена“.

На средбата во Фрајбург пресудна беше мајсторијата на Де Лихт кој во 52 минута испрати неодбранлив „проектил“ во мрежата на Флекен. Со овој резултат Баерн останува на чело на табелата со 58 бода или два повеќе од Борусија Дортмунд која денеска избори триумф над Унион Берлин од 2-1.

Џокерот Мукоко донесе радоста на „Сигнал Идуна Парк“ во 79 минута откако покажа, потврди колку е брз и колку е способен да реагира во одредени ситуации.

Останати резултати:

Аугзбург-Келн 1-3

Баер Леверкузен-Ајнтрахт Франкфурт 3-1

Мајнц-Вердер 2-2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни