Поврзете се со нас

Германија

Де Лихт со цврст став за својата иднина и покрај проблематичната сезона во Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Матијс де Лихт пристигна како голема ѕвезда во Баерн Минхен од редовите на Јувентус, но во изминатите 18 месеци Холанѓанецот не успеа да се наметне како незаменлив во стартниот тим на баварците.

Де Лихт во добар дел од сезоната беше резерва на Упамекано и Ким, но вечерва се верува дека ќе биде стартер на натпреварот против Лацио заедно со Англичанецот Даер.

Холанѓанецот имаше проблеми со повреди и тоа го оневозможи да биде на посакуваното ниво, но сега се чувствува максимално фит и се надева на добар меч против Лацио.

– Натпреварот против Лацио е многу важен за цел тим, но посебно за мене. Бев повреден во голем дел од сезоната и работите не беа лесни за мене. Како играч, секогаш сакате да бидете на теренот и да им помогнете на играчите. Сега сум фит и имам голема самодоверба.

– Мојата иднина? Се гледам себеси во Баерн, имам уште три години од договорот после ова лето. Среќен сум тука и се надевам дека мечот против Лацио ќе биде старт на нешто убаво, – изјави Де Лихт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни