Де Лихт проговори за својата иднина по освојувањето на двојната круна со Ајакс

de liht-de jong

Составот на Ајакс со триумфот над Де Грапшап со 4-1 и официјално ја потврдија лигашката титула или поточно доминацијата во Холандија со оглед на тоа што во оваа сезона го освои и националниот Куп.

Еден од играчите кој многу придонесе за овој успех е дефанзивецот, Матијс Де Лихт кој иако има само 19 години ја имаше улогата на лидер и успешно ја контролираше одбраната, но и сите линии на екипата. Со овие квалитетни настапи тој само дополнитело си ја зголеми цената на трансфер пазарот, па сега останува прашањето кој ќе успее да дојде до неговиот потпис.

Многу од медиумите го селат во Барселона, ама засега нема ништо официјално и тоа јасно и гласно го потврди самиот Де Лихт.

-Ова не е време за да се зборува за мојата иднина. Не знам дали ќе одам со Френки Де Јонг во Барселона. Мора да ги анализирам работите и се да разгледам. Ќе видиме што ќе се случи. Ништо не можам да кажам. Ќе видиме на крајот на летото. Ништо не е решено, -истакна капитенот на составот од Амстердам.

Facebook Коментари