Поврзете се со нас

Германија

Де Лихт под истрага за прекршок за кој се добива и затворска казна

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Матијс де Лихт најверојатно повторно ќе ја промени средината и ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, но додека траат преговорите на премиерлигашот со неговиот актуелен клуб Баерн Минхен, холандскиот репрезентативец предизвикал инцидент поради кој е под истрага на германската полиција.

Де Лихт е обвинет дека удрил паркиран автомобил и продолжил да вози побегнувајќи од местото на настанот, а инцидентот го пријавиле сведоци кои добро го забележиле Аудито на фудбалската ѕвезда.

„Билд“ пренесува дека полицијата и обвинителството собираат докази по што ќе биде поднесено обвинение за фудбалерот, а ваквите прекршоци може да бидат санкционирани и со тригодишна затворска казна.

Иако е пореално да се очекуве дека Де Лихт ќе треба да плати поголема парична казна, сепак овој проблем не му го олеснува исполнувањето на желбата повторно да соработува со Ерик тен Хаг.

Де Лихт дојде во Баерн во 2022 година, но по само две сезони сака да замине од редовите на бундеслигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни