Поврзете се со нас

Лига на нации

Де Лихт направи нова почетничка грешка, Куман го извади на полувреме! (Видео)

Објавено

на

Матијс Де Лихт направи аматерска грешка против Босна и Херцеговина и му дозволи на Един Џеко да постигне гол во мечот кој заврши 5:2, но ако таа грешка не влијаеше негативно врз тимот, оваа денеска беше најава за пресврт на Германија во првиот дел.

Холандија отвори добро против Германците и поведе со голот на Рејндерс во 2-та минута, но гостите се вратија во игра во продолжение од првиот дел и направија пресврт.

Сето тоа беше најавено со големата грешка на Де Лихт кој им подари топка на „панцирите“, по што следеше гол на Ундав за 1:1.

Истиот играч беше во шанса да постигне и втор гол за 1:2, но неговиот удар испадна извонредна асистенција за Кимих кој погоди во мрежата на Вербруген во 48-та минута.

Втората грешка на Де Лихт на втор меч во низа го натера Роналд Куман да реагира радикално, па така го извади од игра уште на паузата меѓу двете полувремиња (на негово место влезе Ван Хеке).

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни