Поврзете се со нас

Германија

Де Лихт му одговори на Бонучи и објасни зошто започна како резерва во Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Матијс Де Лихт направи голем трансфер во Баерн Минхен, втор во својата кариера по оној од Ајакс во Јувентус пред три години кој изнесуваше 75 милиони евра.

Холанѓанецот не оствари некои преголеми успеси во Торино и последните две сезони беа доста разочарувачки, бидејќи за репутацијата која ја има изградено „старата дама“, четвртото место во Серија А е доста скромно.

Пред да си замине, Де Лихт нагласи дека четвртото место во Италија се коси со неговите амбиции и оние на Јувентус, па Леонардо Бонучи дури и јавно му замери за ваквата изјава по реализираниот трансфер во Баерн.

– Таа моја изјава дојде во месец јуни, но сметам дека тој став не е непочитувачки. Тоа го мислат и луѓето во клубот. Завршувањето на четврто место два пати во низа не е доволно добро за Јувентус. Тоа не беше напад кон Јуве, во ниту еден случај. Имам максимален респект кон Јувентус, – изјави Де Лихт, кој на стартот во Баерн е резерва и постојано добива шанси по неколку минути од клупата.

– Нема ништо спорно, тоа е дел од планот кој го договоривме кога пристигнав. Тренерите ми порачаа дека прво треба да тренирам под нивно темпо, за после да можам да го остварам она што се очекува од дефанзивец на Баерн Минхен. Стилот во Германија ми одговара повеќе од Италија и се надевам дека ќе играм како во времето во Ајакс. Потпишав долгорочен договор со Баерн, сметам дека ова е перфектен чекор во кариерата, – вели Де Лихт во интервјуто за „Де Телеграф“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни