Поврзете се со нас

Германија

Де Лихт дефинитивно побарал нов трансфер, Баерн ги почнал преговорите за продажба

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Матијс де Лихт пристигна во Баерн Минхен на сопствено барање, оправдувајќи ја разделбата со Јувентус со потребата од нов предизвик, но две години подоцна повторно се наоѓа во иста ситуација.

Холандскиот стопер овојпат го информирал раководството на Баерн дека инсистира на заминување ова лето, а германскиот клуб не само што нема да го блокира трансферот, туку веќе ги започнал преговорите со Манчестер Јунајтед.

Токму премиерлигашот е избраниот „идеален“ тим од страна на Де Лихт, кој повторно ќе соработува со Ерик тен Хаг, а двете страни наскоро ќе ги договорат деталите.

Најавите се дека Баерн бара околу 50 милиони евра, а Јунајтед е подготвен да исплати сума која е блиску до бараната, па не постојат посебни пречки за реализација на трансферот.

Баварците веќе го имаат договорено Џонатан Та од Баер Леверкузен, па без проблем ќе го пополнат дефицитот на стоперските позиции. „Билд“ и другите германски медиуми потенцираат дека Де Лихт веќе има постигнато договор со Јунајтед за своите лични услови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни