Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис зборувал за потрагата по нов тренер, медиумите го открија неговиот фаворит

Објавено

на

Наполи ќе ја брани титулата со нов тренер, откако последните изјави на Лучијано Спалети навестија негово заминување од новиот италијански шампион.

Претседателот Аурелио Де Лаурентис денеска пред новинарите зборувал за потрагата по нов тренер, делејќи комплименти за Винченцо Италијано, за кого сепак очекува да остане во Фиорентина.

– Секогаш сум бил на Италијано, толку многу што кога ме победи како тренер на Специја, отидов во соблекувалната и му честитав.

– Не е прашање дали тој е готов за голем клуб, бидејќи според мене Фиорентина е голем клуб, – истакнал Де Лаурентис.

– Секогаш сум работел напорно да обезбедам добар тренер и никогаш не сум погрешил. Знам дека располагаме со силен тим и наша главна цел ќе биде да ја одбраниме титулата, – вели првиот човек на Наполи.

Медиумите тврдат дека прв избор на Де Лаурентис е Луис Енрике, кој би добил 10 милиони евра за двегодишен престој во Неапол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни