Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис заговара нова европска лига тешка 10 милијарди евра

Објавено

на

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис отвори ново поглавје во заговарањето нова европска лига како замена за Лигата на шампионите.

Филмскиот продуцент побара формирање на ново елитно натпреварување, за кое ќе конкурираат сите тимови, што не беше основен концепт на неуспешната Супер лига.

– Системот не функционира веќе, потребно ни е ново и модерно натпреварување.

– Лигата на шампионите и Лига Европа не обезбедуваат доволно средства за да го оправдаат учеството на клубовите.

– За да бидете конкурентен потребни ви се повеќе топ фудбалери, а тоа значи трошење повеќе пари, пари кои не можете да ги заработите од учеството во европските купови.

– Клубовите мораат да разговараат меѓу себе и да донесат одлука, мора да го намалиме и бројот на натпревари во националните првенства. Разгледував проект кој е подготвен да донесе 10 милијарди евра во европскиот фудбал, но потребна е волја и целосна независност на клубовите, – истакнал Де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни