Италија
Де Лаурентис за ситуацијата со Осимен: За танго се потребни двајца, не заборавајте…

Виктор Осимен од 2020 година е дел од Наполи, тим во кој има клучна улога и без кој не може да се замисли почетната единаесетка на калчолигашот.
Нигериецот даде огромен придонес во првото Скудето на наполитанците по пауза од повеќе од три децении и водени од оваа енергија се одеше кон тоа да напаѓачот потпише нов договор со клубот. Имаше информации дека двете страни се блиску, па дури и и подале рака за новата соработка во текот на летото, меѓутоа по се изгледа постојат одредени проблеми и за тоа најдобро говори последната изјава на претседателот, Аурелио Де Лаурентис.
-Никогаш не сум бил вознемиран кога е во прашање Осимен, ама за танго се потребни двајца. Останувам ист, ако расположението му се смени, тогаш не можам многу да направам за тоа. Ако по ракување работите се сменат, тоа е разочарувачки, ќе го земаме предвид, но животот продолжува.
-Имаме добар однос со него, договорот е до 2025 година, така што има време. Не заборавајте дека го продадов Кулибали во последен момент, -порача Де Лаурентис.
Интерес за Виктор има од повеќе клубови и останува да се види како ќе се развива неговата ситуација.
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 13 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 13 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 17 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 18 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг