Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис за предавникот кој си замина од Наполи: Одеднаш стана фан на нашиот најлут непријател!

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Аурелио де Лаурентис секогаш говори отворено и без влакна на јазикот, па така било и вчера во соочувањето со италијанските новинари кои биле присутни на последниот тренинг на првиот тим.

Газдата на Наполи му даде поддршка на Руди Гарсија и нагласи дека тренерската смена која ја направил изминатово лето бара време и трпение, но покрај тоа што говореше за судбината на тренерот, се огласил и за заминувањето кое него најмногу го погодило.

Првиот човек на италијанскиот шампион не пропушти шанса да го „пецне“ Кристијано Џунтоли, долгогодишниот спортски директор на Наполи кој изминатово лето се пресели во Јувентус.

– Јас се уште одржувам контакт со моите поранешни вработени, тоа се Мацари, Анчелоти, Бенитез и други. Се што се зборува за мене е агенда за да им се наштети на оние кои работат со мене.

– Јас никој не држам со сила во клубот, видовте што се случи минатово лето. Џунтоли беше на излезна врата шест месеци. Постојано ми велеше „Ќе ме пуштиш ли во Јуветус“? Го прашував што се случува со него, одеднаш стана фан на Јувентус…..

– Тука во Неапол, за Јувентус секогаш се сметало како најголем спортски непријател. Спортскиот директор кој работи во Наполи треба да има работна етика и да биде понизен. Џунтоли го имаше тоа, со исклучок на крајот, – изјави Де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни