Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис за опцијата Мурињо во Наполи: Неговата наредна дестинација ќе биде…

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо не доби шанса да го одработи до крај договорот со Рома, поточно калчолигашот одлучи да ја прекине соработката со него неколку месец пред истекот на тоа што беше договорено (30 јуни 2024 година).

Португалецот и донесе европска титула (Конференциска лига) на „волчицата“, ја однесе и во уште една финале (Лига Европа), па дури едно време и одби богати понуди за да остане во Рим за да управата на италијанскиот тим по лошата недела, поразите од Лацио и Милан реши да се откаже од услугите на трофејниот стручњак.

Имено на Мурињо веднаш почна да се поврзува со некои други ангажмани, преселби во клубови во Европа и надвор од неа, а една од вестите беа дека тој може да седне на клупата на Наполи.

Токму околу оваа тема имаше што да каже и порача претседателот на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис кој во негов стил истакна која е вистинатата.

-Неговата иднина нема да биде во Неапол, тоа е сигурно. Нема никаква врска. Беше во Рома и сега е слободен. Тој е одличен тренер, многу фин, експлозивен, зборува за еден вид фудбал. Го сакам Португалецот, но неговата дестинација мислам ќе биде надвор од Италија, -порача Де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни